Home INFO Видео: Еве што се случува кога на луѓето ќе им се понудат...

Видео: Еве што се случува кога на луѓето ќе им се понудат пари

реклама:G Natural

Коди Персин направил мал социјален експеримент.

Се залепил со банкноти и стоел на улица со натписот: „Земете колку ви е потребно“.

Интересно е тоа што парите го земале луѓето на кои воопшто не им биле потребни, како бизснисмени во скапи одела или жени со „Луј Витон“ и „Живанши“ чанти.

На улица прво му пришол маж кој признал дека пари не му требаат, но дека ќе се послужи ако може. После тоа, застанал маж кој прво поминал покрај него, но се вратил кога ги видел парите.

Ниту жените не биле имуни на парите. Една со „Луј Витон“ чанта која признала дека парите и се потребни за утрешниот маникир, а друга исто така со скапоцена „Живанши“ чанта.

На крајот на снимката застанал бездомник кој земал само две банкноти да да купи храна за себе и кучето.

Кога Коди го прашал зошто не земе повеќе пари, му одговорил дека сака да го подели остатокот од парите со оние на кои им е потребен.

Коди после тоа му дал уште пари од новчаникот.

– Сте успеале во животот кога се што навистина сакате тоа што навистини ви е потребно, е реченицата со која завршува снимката.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“