Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive „Викторија Сикрет“ прави „ремонт“: Ги отфрли секси ангелите и става активистки за...

„Викторија Сикрет“ прави „ремонт“: Ги отфрли секси ангелите и става активистки за новите кампањи

реклама:G Natural

Сите со неверување ја прифатија веста дека брендот „Викторија Сикрет“ решил да прави големи промени што се однесува во маркетинг кампањите и промоција на новите колекции.

Тие одлучиле препознатливите неодоливи ангели и топ модели да ги заменат со про-фудбалерката и активистка за родова еднаквност.

Брендот за долна облека „Викторија Сикрет“ откри дека ќе соработува со група инспиративни жени, вклучително и активисти и претприемачи. Имено, од компанијата ги открија нивните нови заштитни лица, меѓу кои се поранешната мисица Пријанка Чопра и фудбалерката Меган Рапино.

Овие жени, меѓу кои се индиската актерка и претприемачка Пријанка и про-фудбалерката и активистка за родова еднаквност Меган, ќе станат заштитни лица и глас на брендот, соопштија од компанијата.

Ангелите на „Викторија Сикрет“ се синоним за брендот уште од крајот на 90-тите години на минатиот век. Низ годините, најновите колекции на овој гигантски бред на специјални ревии ги носеа некои од најпознатите светски модели како Андријана Лима, Жизел Бундхен, Џиџи Хадид, Тајра Бенкс, Бела Хадид, и Хајди Клум.
epa-efe

Во интервју за „The New York Times“ објавено во средата, извршниот директор на „Викторија Сикрет“, Мартин Вотерс, рече дека Ангелите повеќе не се „културолошки релевантни“.

Кон крајот на 90-тите и раните 2000-ти, шоуто на пистата на „Викторија Сикрет“ имаше моќна улога во дефинирањето на поимот „секси“. Во поново време, истиот беше критикуван како „застарен“.

Ед Разек, долгогодишен шеф за маркетинг во „Викторија Сикрет“ бил „мозокот“ зад модната ревија. Разек важеше за еден од највлијателните луѓе во светот на модата во раните 2000-ти, помагајќи во започнувањето на кариерите на бројни познати модели.

Тој се повлече од функцијата во август 2019 година. Модната ревија беше откажана во ноември, една година откако тој даде контроверзни коментари во врска со трансродовите и плус-сајз моделите.

Вотерс за „The Times“ изјави дека „ремонтот“ на брендот требало да се случи многу одамна.

„Во старите денови, брендот „Викторија“ имаше единствена леќа, која беше наречена секси“, рече тој.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“