Home INFO Вистина или лудост: Скандал ја тресе Бијонсе, ова може да влијае на...

Вистина или лудост: Скандал ја тресе Бијонсе, ова може да влијае на нејзината кариера!

реклама:Велигден со Стаф

За мрачните страни на познатите, јавноста најчесто дознава од нивните домашни помошници или бившите соработници.

Последна во низата откриени пикантерии е Бијонсе, која е обвинета дека се занимава со “црна магија”.

Имено тапанарката Кимберли Томпсон која седум години соработувала со пејачката поднела барање за судска забрана за доближување против неа, тврдејќи дека постојано ја малтретирала преку употреба на “екстремни вештерски дејности” и “магии за сексуално малтретирање”.

Томсон, исто така, ја обвинува Бијонсе дека и ја убила мачката, ги снимала телефонските разговори, а и ги контролирала нејзините финансии.

Сепак, Томпсон не дала одговор зошто Бијонсе би реагирала на опишаниот начин.

Иако барањето на Томпсон за забрана за пристап беше одбиено од страна на Врховниот суд во Лос Анџелес минатата недела, сепак за новото нејзино барање медиумите објавија дека ќе се разгледува на 11 октомври.

Томпсон ја обвини Бијонсе за кражба на интелектуална сопственост и компјутерски хард дискови, како и за уништување на нејзините лични односи со други лица.

Тимот на Бијонсе се уште не одговорил на наводите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------