Home INFO ВНИМАВАЈТЕ: Пиратските игри содржат вирус кој хакерите го користат за влез во...

ВНИМАВАЈТЕ: Пиратските игри содржат вирус кој хакерите го користат за влез во вашиот компјутер

реклама:G Natural

Како што јавува БиБиСи пиратските игри кои ги симнувате од интернет се многу опасни за вашаиот компјутер затоа што преку нив хакерите без проблем можат да влезат во вашата машина и да ја користат за копање на криптовалути.

Како што објави Би-Би-Си, „бесплатните“ верзии на видеоигри како што се „ГТА 5“, „НБА 2К-19“ и „ПЕС 2018“ не се обични пиратски верзии на игрите, туку содржат вирус наречен „Креконош“, што го користи хардверот на други лица за рударење криптовалути и за заработка.

На пример, кога се презема пиратската „ГТА 5“, компјутерот почнува да работи со поголем интензитет, забавува и троши повеќе енергија. „Креконош“, исто така, ги исклучува сите безбедносни програми на туѓиот компјутер, така што тој е изложен и на други вируси и малициозен софтвер.

Компанијата за интернет-безбедност, „Аваст“ наведува дека пиратските верзии на игрите се најчестиот начин на ширење на „Краконош“ и се бележат 800 напади дневно. Според статистиката, хакерите досега „ископале“ криптовалути во вредност од два милиони американски долари преку пиратски игри и туѓ хардвер.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“