Home INFO Внимава на исхраната, но јаде и десерти: Ова е менито на Кејт...

Внимава на исхраната, но јаде и десерти: Ова е менито на Кејт Мидлтон

реклама:hotel PREMIER

Кејт Мидлтон секогаш изгледа беспрекорно, а многумина и завидуваат на витката линија.

Британски медиуми открија што преферира војводката во нејзианта исхрана.

За почетокот на денот, Кејт Мидлтон подготвува овесна каша којa и дава многу енергија. Овесот е богат со протеини, влакна и јаглени хидрати.

Покрај ова, Кејт го зголемува и внесот на антиоксиданси преку домашно направени смутиа.

Наводно, омилени комбинација и е мешавина од кељ, спанаќ, спирулина и боровинки. Овој микс е богат со хранливи материи и изобилство од минерали и витамини.

Салата од лубеница со авокадо, лук, краставица и фета сирење е едно од омилените оброци на Мидлтон, пренесуваат британските медиуми.

Иако не е вегетаријанка, таа најчесто за ручек јаде вегетаријански јадења, меѓу кои и кебапи од зеленчук, леќа..

Готвачот Рагу Деора, кој готвел за Кејт и Вилијам за време на нивната турнеја во Индија во 2016 година открива дека парот ја преферирал вегетаријанската храна.

Кога станува забор за сузбивање на гладот во текот на денот, Кејт за ужина користи сурово овошје и зеленчук, меѓу кои и гоџи бери.

Иако е позната по тоа што внимателно ја одбира храната, Кејт не се плаши да се препушти и на слатките.
Дарен Мекгрејдим, поранешен готвач на кралското семејство, открива дека омилениот десерт на војводката е леплив карамела пудинг, типичен англиски рецепт кој се состои од бисквит од сецкани урми, прелиен со сладок сос од карамела. Овој десерт одлично се комбинира со кафе или сладолед од ванила.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------