Home INFO Внимавајте што зборувате пред телевизорот

Внимавајте што зборувате пред телевизорот

реклама:Велигден со Стаф

Компанијата Самсунг ги предупреди купувачите да избегнуваат да кажуваат лични информации пред сопствените телевизори.

Предупредувањето се однесува на корисниците на паметните телевизори од Самсунг кои имаат функција „команда со глас“.

Такви ТВ сетови, како што пренесува BBC, го „слушаат“ разговорот кој го водите пред нив и информациите кои се слушаат можат да се пренесат во Самсунг или некоја трета страна.

На оваа информација укажал експерт на Самсунг за прашања поврзани со приватноста, а од компанијата велат дека ТВ уредите „слушаат“ се што се зборува во просторијата и се обидуваат да препознаат команди.

Се предупредува дека се што луѓето зборуваат ќе се најде меѓу снимените податоци кои се праќаат кај „трета страна“.

Адвокатката специјализиран за дигитални права, Корин Мекшери, изјавила дека третата страна веројатно е компанијата која за Самсунг говорот го претвара во текст.

Таа додала и тоа дека доколку таа би купувала таков телевизор би сакала да знае која всушност е третата страна каде се праќаат сите податоци и дали тие информаци безбедно се чуваат.

Како одговор на се, Самсунг издаде соопштение за тоа како всушност функционира гласовната команда.

„Доколку корисникот ја користи функцијата за препознавање на гласот, тие гласовни податоци се испраќаат до трета страна, односно сервер кој треба да ја препознае саканата команда која телевизорот треба да ја направи“, навеле од компанијата Самсунг.

Додале и дека аудио податоците не се задржуваат и не се продават.

Сопствениците на паметни телевизори секогаш знаат кога гласовната команда е вклучена затоа што иконата со микрофон може да се види на екранот.

Меѓутоа, во изјавата која ја објави Самсунг, третата страна која го преведува говорот во текст не е именувана.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------