Home INFO Во Јапонија ќе се тестира полнење на електрични автомобили на семафор

Во Јапонија ќе се тестира полнење на електрични автомобили на семафор

реклама:Лето во Банско

Пилот-проект во Јапонија ќе ја тестира изводливоста и исплатливоста на решение со кое безжично би се полнеле батериите на електричните автомобили во краткиот период додека чекаат да се запали зеленото светло на семафор.

Од Токио пристигна вест за необична иновација – систем за безжично полнење автомобили кој би се вградувал во улиците, непосредно пред семафорите. Таму би се закопувале посебни електрични намотки со сензори, способни да откријат кога над нив ќе се најде автомобил со компатибилна технологија. Во случај тој да запре над полначот, додека возачот чека да се светне зеленото светло на семафорот, батеријата на автомобилот ќе се полни.

Таквиот систем би овозможил брзо индуктивно полнење на батериите, па само 10 секунди чекање на семафор би биле доволни батеријата на возилото да се наполни за еден километар возење. Чекањето една минута би додало доволно енергија во батеријата за зголемување на досегот од 6 километри.

Кога станува збор за предностите на системот, неговите изумители велат дека тој би им овозможил вградување на помали батерии во градските возила и дополнување на секој агол. Би бил приспособен на целосно електрични и хибридни возила, автоматски би препознавал кога треба да биде на пауза за да не троши премногу енергија, а таквото полнење не би барало долго стоење на полнач.

Од друга страна, идејата има неколку јасни недостатоци. Пред сѐ, индукциското безжично полнење не е ефикасно како она што се извршува со кабел, возилото треба да застане на идеално место на улицата (што не секогаш може да се изведе), а веројатно трошоците за вградување на ваквите полначи би биле големи.

Како и да е, јапонскиот град Кашива ќе ја тестира оваа технологија во еден кварт во март. Тестот ќе покаже колку е ефикасен и корисен системот, а пробниот период ќе трае една година.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------