Home INFO Во Фејсбук сеуште молчат но се подготвуваат за нови промоции, во најава...

Во Фејсбук сеуште молчат но се подготвуваат за нови промоции, во најава паметен часовник

реклама:G Natural

Нови иновативни работи најавуваат од компанијата на Марк Цукемберк основачот на Фејбук.

Станува збор за паметен часовник кој ќе биде базиран на Андроид, но се уште не е наведено дали ќе може да го користи „Wear OS“ од компанијата „Google“.

Постојат и некои неофицијални информации дека Фејсбук прави сопствен оперативен систем, но ова за сега се само шпекулации.

Како што наведуваат инсајдери од компанијата, паметниот часовник ќе може да праќа пораки и да следи фитнес активности, а ќе им се придружи на „Portal“ и „Oculus“ како уште еден припадник на Фејсбук колекцијата од уреди.

Се зборува и за брендирани очила кои би требало да излезат на пазарот до крајот на годината.

Една работа е сигурна, како што пишува порталот „The Verge“, а тоа е дека Фејсбук веќе со години се обидува да се пробие во светот на хардверот. Имаат повеќе од 6.000 вработени кои работат на различни проекти за „AR“ и „VR“, а „Bloomberg“ наведува дека имаат и неколку експериментални иницијативи во склоп на отсекот „Facebook Reality Labs“.

Фејсбук, секако, ги негира наведените проекти.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------