Home INFO Во пресрет на 1 Мај – ви се јаде ли скара?

Во пресрет на 1 Мај – ви се јаде ли скара?

реклама:hotel PREMIER

Првомајските празници и сончевите денови се идеални за отварањето на сезоната на излети и целодневно правење на скара. Време е да се организира добро дружење со вкусна храна.

Собиранките за скара се резервирани за во природа. Дворовите, парковите и излетничките места се совршени за овој вид на забава и дружење со вашите пријатели.

Пред празникот да започне, договорете се со пријателите околу организацијата и поделете си ги обврските.

Потрудете се да ги набавите сите неопходни намирници и да ги подготвите гастрономските „инструменти“ – ножеви, фаќалки и слично…

Љубителите на скарата најчесто подготвуваат едноставни специјалитети како плескавици, ќебапчиња, колбаси, свински врат и пилешко бело месо. Најдобро е месото да го купите еден ден пред планираната скара и добро да го зачините и да го оставете да преноќи.

Не заборавајте да купите доволно салата. За време на пролетта и летото најчесто има зелена салата, домати, краставици и секако кромид. Со скарата обавезно оди кромид, а нема да згрешите и со малку лук.

Топлите денови бараат да набавите и залихи со освежителни пијалоци кои вашето друштво ги сака. Купете пијалок ден порано за да можете добро да го оладите.

Понесете садови за еднократна употреба, салвети и доволно пластични чаши.

Месото во природа најчесто се пече на скара на дрва или јаглен.

Пред печењето обавезно добро исчистете ја решетката од скарата. Намачкајте ја со масло или истријте ја со сланина и бидете на растојание од петнаесетина сантиметри од изворот на топлината.

Кога жарот ќе стане доволно силен, можете да го поставите месото на целата решетка. Месото треба да го свртите кога од горната страна ќе почнат да пробиваат сокови. Мајсторите на скарата месото го свртуваат само еднаш, но се зависи од тоа колку е силен жарот.

Кога е доволно испечено, месото можете да го послужите со сезонска салата и други прилози по желба.

Подготвувањето на месо на скара не би требало да биде обврска за време на излетот, туку уживање во кое можат да учествуваат сите присутни.

Не морате да бидете одличен готвач за да подготвите вкусна скара во незаборавна атмосфера. Ако добро се организирате и правилно го користите месото за скара, храната ќе биде сигурна и вкусна.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------