Според народната традиција, но и според научните сознанија, кантарионот (познат и како Богородична трева), успешно го победува лошото расположение и депресијата.
Ова е основното но не и неговото единствено лековито својство.
Билката со цветови со силна жолта боја може да се најде во облик на чај или масло. Таа има изразено антибактериско дејство и е природен антисептик.
Покажува поволно делување при третирање вирални и ретровирални инфекции.
Во моментов се прават повеќе испитувања за влијанието кај вирусните заболувања како ХИВ и хепатитис Ц.
Вагиналетите со кантарион се применуваат како дезинфекција, бидејќи имаат широко антибактериско дејство. Во народната, но и традиционалната медицина, маслото од кантарион се користи при голем број гинеколошки проблеми.
Помага при обнова на слузокожата на грлото на матката и вагината, ги отстранува последиците на воспаленијата и белото прање кои се проследени со чешање, болка и чувство на пецкање.
Кантарионот се употребува и за лечење депресија, како средство за смирување. Во последниве години, кантарионот станува се попопуларно кога станува збор за борбата против депресијата. Тој е одобрен како лек за употреба блага и умерена депресија во Германија, а признат е и од страна на Светската здравствена организација.
Тој се користи и при справување со стравови, промени во расположението при менопауза и опсесивно компулсивно нарушување.
Екстрактот од кантарион помага и при вознемиреност, неспокојство, лошо расположение и несоница.
Познатиот мелем од кантарион кој во себе содржи мацерат од кантарион, пчеличен восок и есенцијални масла го помага регенерирањето на кожата.
од дамнешни времиња, најпознатите дами низ историјата го користеле овој мелем за измазнување на брчките и за сјаен и младешки изглед на кожата.
Мелемот помага за оние кои страдаат или имаат:
рани
изгоретини
вагинални инфекции
хемороиди
проширени вени
чиреви
лузни,
стрии
Доколку сеуште немате масло и мелем од кантарион во вашиот дом, ОВДЕ можете да нарачате 100% природно кантарионово масло или мелем.