Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive За 24 милиончиња во долари Бјонсе ќе настапи во Дубаи на отварање...

За 24 милиончиња во долари Бјонсе ќе настапи во Дубаи на отварање на нов хотел

реклама:4U PHARMA

Бијонсе, која нема одржано концерт речиси 5 години, од турнејата On the Run II, се согласи да настапи по повод отворање на луксузен хотел во Дубаи, а за својот настап ќе добие неверојатни 24 милиони долари.
Добивај вести на вибер

Музичката икона го напарви својот ‘камбек’ минатата година со албумот Renaissance, а фановите со нетрпение ја очекуваат турнејата која допрва ќе биде најавена.

Нејзините настапи се ретки, но фановите се спремни да сторат сè и да потрошат многу пари за да ја гледаат во живо. Ова им беше јасно на луѓето во Обединетите Арапски Емирати кога ги започнаа преговорите за концертот на Бијонсе во Дубаи, пишува „Арабиан бизнис“.

Заедно со Бијонсе ќе настапи и диџејското трио „Сведиш хаус мафија“, кое последен пат настапи во Обединетите Арапски Емирати по трката Формула 1 во ноември 2022 година.

Бијонсе, која немала целовечерен концерт од 2018 година, сега се согласила да настапи во хотелот „Атлантис Ројал“ на неговото отворање. Концертот треба да се одржи викендов, само за лица со ВИП влезници, а најавен е и голем огномет.

Atlantis The Royal е конзолна зграда од 43 ката, ќе има 231 луксузен апартман, 693 хотелски соби и 102 апартмани, сите со поглед на Арапското Море и Палмскиот остров. Хотелот има повеќе базени, вклучувајќи 44 приватни инфинити базени поврзани со апартмани и пентхауси.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------