Огнен Врањеш во ноември присуствувал на настап на Јелена Карлеуша во дискотека во Диселдорф.
Фудбалерот ги активирал сите можни контакти за да му се обезбеди најдоброто сепаре во дискотеката, и да биде што поблиску до бината.
Српски Курир од извор кој присуствувал на забавата објави дека Врањеш таа вечер потрошил огромна сума на пари.
Фудбалскиот репрезентативец на Босна и Херцеговина преку пријатели обезбедил добро место во дискотеката каде се појавил со група пријатели.
Покрај најдоброто сепаре, Огнен побарал и посебна заштита, никој да не му приоѓа ниту да го слика таа вечер.
Бил пречекан пред клубот и спроведен до своето место, а сметката на крајот изнесувала неверојатни 20 000 евра.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------