Во петокот Северина одржа спектакуларен концерт во Осиек на кој присуствуваа повеќе од 3000 нејзини фанови.
Иако постоел интерес за неколку последователни сепак заради распоредот на пејачката бил одржан само еден за најсреќните кои први си купиле билети.
Она што ќе го памети севе од овој настап покрај големата љубов од фановите ќе биде и повредата која што ја доби на потколеницата додека се движела меѓу публиката.
Подоцна таа се оласи на социјалните мрежи и напиша:
„Секогаш одново сакам да ги прегрнам сите луѓе кои ги сакаат моите песни и го сакаат тоа што го правам, бидејќи љубовта и емоциите се најважни. Тоа е голема нишка што нѐ поврзува и која на сите ни е потребна.
Се удрив во челичната конструкција и мислев дека си ја скршив потколеницата. За среќа, добив само крвава рана, но срцето ми е полно.
Осиек, ти благодарам.
Сакам да им се заблагодарам и на прекрасните музичари и на мојот прекрасен тим. Ве сакам“, напиша Северина на својот инстаграм-профил.