Home INFO За настинка во зима, пијте пиво!

За настинка во зима, пијте пиво!

SHARE

Со доаѓањето на зимата, некои од нас ладното омилено пиво го заменуваат со чаеви и други топли пијалаци.

Но, и покрај тоа, скоро и да нема човек на планетава кој не настинал во текот на зимските месеци.

Јапонски научници сугерираат наместо тоа да се користи пиво, кое според нив е вистинскиот лек и ефикасно може да се справи со сите настинки.

„Волшебната“ состојка се вика хумулон за која истражувачите од Медицинскиот универзитет во Сапоро откриле дека се содржи во хмељот.

– Станува збор за ефикасно средство во борбата против респираторните вируси кои можат да доведат до сериозни компликации, вклучувајќи и белодробни воспаленија и отежнато дишење. Тие, исто така може да предизвикаат настинка во студените зимски месеци. Токму поради тоа медицинските лица и ние научниците препорачуваме конзумирање на пијалоци кои содржат хумулон, изјави Ли Џинг Сјун од Универзитетот во Токио.

Пивото е многу корисно за здравјето. Содржи природни антиоксиданти и витамини, кои можат да спречат и срцеви болести. Хмељот е богат со полифеноли, кои го намалуваат нивото на холестерол, се борат со ракот и ги убиваат вирусите. Пивото содржи помалку калории отколку млекото.

Епа друштво, во овие ладни месеци почестете се со едно убаво пиво, наместо топло чај.

РЕКЛАМИ:
Loading...