Неодамна започна првиот он-лајн квиз во Македонија, „На Тепка“, кој го продуцира и води Ненад Ѓоргиевски.
Во време на лоши вести и пандемија кога во медиумите слушаме само негативни информации, пред почетокот на празниците, овој квиз внесува ведрина во секое семејство.
Веќе се емитуваа две изданија, спонзорирани од „Елит Кафе“, а натпреварувачите, лесно и низ забава добија вредни награди и изненадувања.
Меѓу наградените е и Кристијан Јефтиќ од Скопје, кој се натпреваруваше со своето семејство и освои телевизор.
Во секое ново емитување на квизот ќе има нов ексклузивен спонзор со нови награди, затоа следете ги фан стрните на квизот НА ТЕПКА, пријавете се за учество и освојте вредни награди!