Home INFO Започна масовната имунизација во Македонија, првиот ден вакцинирани 3000 луѓе

Започна масовната имунизација во Македонија, првиот ден вакцинирани 3000 луѓе

реклама:ХитКујна канал

Од вчера и во Македонија започна масовната вакцинатија против ковид 19 со вакцитите „Спутник В“.

Во салата Борис Трајковски во Скопје на смени работат 20тина доктори и смени кои се задолени за пациентите и вакцинирањето.

Во првиот ден од вакцинацијата сите 3000 пријавени се одзвале на термините за вакцина и се пројде во најдобар ред.

Аида Мемишовска, медицинска сестра од Центарот за јавно здравје за МИА посочи дека вакцинацијата се одвива според планот.

Таа упати апел до сите граѓани да се вакцинираат за Ковид-19.

Во однос на тоа дали кај некое лице имало несакана реакција откако ја примило вакцината, Мемишовска посочи дека на едно лице му се слошило, но од страв.

Во земјата досега има пристигнато 78 илјади вакцини, од кои 48 илјади се донација од српската Влада.

РЕКЛАМИ:„ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“
Loading...