Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Заради менструална болка Јелена Карлеуша ќе се онесвестела на сцена

Заради менструална болка Јелена Карлеуша ќе се онесвестела на сцена

реклама:Лето во Банско

Пејачката Јелена Карлеуша со своите фанови на социјалните мрежи сподели дека за време на последниот настап во Котор едвај издржала да го заврши својот концерт.

Имено пејачката се пожалила на голема болка но за среќа успеала да издржи до крај и да не ја разочара својата публика.

– Благодарам на сите што дојдовте на настапот во Котор синоќа. Бевте фантастични. Ако забележивте, чудно сум мирна. Никогаш во животот не сум се чувствувала толку лошо како минатата ноќ – објаснила таа на Инстаграм и додала:

„Едвај имав сила да се искачам три скалила од бината. Болката што ја трпам во овој момент е 10 од 10. Сепак, стиснав заби и го направив тоа за вас, иако организаторите сакаа да го одложиме. Не дозволив да се повика Брза помош по настапот затоа што изгледав страшно! Побргу би умрел отколку некој таков да ме види. Среќа што преживеав. Ова го напишав за да знаете… Понекогаш ние во оваа работа пееме и ги забавуваме луѓето и тогаш никој не знае дека сум лошо. Крвава работа, особено за нас жените.“

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------