Home INFO Затворска казна од 5 години: Алек Болдвин разговарал на телефон наместо да...

Затворска казна од 5 години: Алек Болдвин разговарал на телефон наместо да слуша обука за употреба на оружје на филмски сет

реклама:Лето во Банско

Немилиот настан кој се случи во 2021 година на снимањето на филмот „’Рѓа“, засекогаш го промени животот на познатиот холивудски актер Алек Болдвин.

За потсетување, за време на снимањето, камерманката Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза беше ранет, кога пиштол користен од Болдвин при филмската проба година испука вистински куршум.

Истрагата за убиството траеше повеќе од една година.

Обвинителството на американската сојузна држава Ново Мексико денес официјално ќе поднесе кривична пријава за убиство од небрежност против Алек Болдвин, за пукањето на снимањето на филмот „’Рѓа“, во кое беше убиена Халина Хачинс. Според нив, Болдвин во периодот кога филмската екипа слушала обука за употреба на оружје на сет, актерот разговарал на телефон и не ја следел истата.

И лицето Хана Гутјерез – задолжена за оружјето на снимањето, официјално ќе биде обвинета за убиство од небрежност.

Во првата тужба, од семејството на Хачинс, поднесена минатиот февруари во градот Санта Фе, против Болдвин, продуцентската куќа, продуцентите и други клучни членови на екипата, се наведуваат бројни прекршувања на стандардите на филмската индустрија.

Гутјерез во истрагата изјави дека го проверила пиштолот и дека смета оти бил празен пред фаталниот инцидент.

Семејството на Хачинс и Алек Болдвин минатава година постигнаа спогодба во тужбата против Болдвин.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------