Home INFO Заврши сагата: Адвокатоте на Џони Деп и Амбер Хард постигна договор

Заврши сагата: Адвокатоте на Џони Деп и Амбер Хард постигна договор

реклама:Лето во Банско

Конечно заврши судскиот процес кој го водеше бившиот холивудски пар.

Во судот во Вирџинија, се одлучуваше по тужбите за клевета кои еден на друг ги поднесоа Џони Деп и Амбер Хард.
Рочиштата наидоа на огромен интерес во јавноста која имапе можност да ги чуе најинтимните детали од заедничкиот ѓивот на холивудските актери.

Адвокатите на славната актерска двојка успеале да постигнат договор според кој осигурителната компанија на Амбер Херд ќе му плати милион долари на Џони Деп, за да стави крај на овој случај, пренесе „Дејли мејл“.

Деп ќе добие значително помалку пари за обештетување во однос на сумата што ја одреди судот, но повеќе нема да има спор со поранешната сопруга.

Правната битка треаше цели шест години.

Џони поднесе тужба против својата сопруга поради написот што Амбер го напиша за „Вашингтон пост“ во декември 2018.

Во него таа се опиша себеси како „јавна личност која е жртва на семејно насилство“. И иако во текстот конкретно не се споменува името на Деп, тој ја тужел и барал отштета од 50 милиони долари.

На ова актерката актерка одговорила со противтужба, барајќи 100 милиони долари бидејќи „трпела неконтролирано физичко насилство и малтретирање“.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------