Home INFO Здрав и многу вкусен сладолед од само една состојка

Здрав и многу вкусен сладолед од само една состојка

реклама:Велигден со Стаф

Овој рецепт е доказ дека може да уживате во здрав, кремаст и освежувачки десерт подготвен за само 5 минути.

Тајната состојка е бананата. Подготовката на овој леден десерт е доста едноставна, па затоа веднаш испробајте ја.

Подготовка:

Бананите излупете ги и исечкајте ги. Ставете ги бананите во чинија или кесичка и замрзнете ги. Оставете ги околу 2 часа, додека не се стврднат сосема.

Откако ќе ги извадите од замрзнувач, ставете ги во блендер и миксирајте додека не добиете густа, леплива смеса. Измиксираните банани ќе имаат совршена структура за сладолед и подготвени се за послужување.

Доколку сакате сладоледот да биде уште малку потврд, оставете ги сервираните топки уште неколку минути во замрзнувач.

Доколку сакате да направите уште 4 различни вкусови додајте ги следните состојки:

Кикирики – Во блендерот додајте 3 лажици путер од кикирики и 2 лажички мед
Нутела или било каков еурокрем – Во блендерот додајте 3 до 4 големи лажици Нутела
Јагода – Во блендерот додајте грубо исечкани заледени јагоди и 2 лажички слатка павлака
Чоколада – Во блендерот додајте 3 лажици горко какао, 2 лажици слатка павлака и малку екстракт од ванила
Совет: Кога ќе ги подготвувате вкусовите од јагода и чоколада, задолжително вратете ја смесата во замрзнувач додека кремот не се стврдне.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------