Дека на луѓето им се потребни музички концерти за убаво да им помине времето во изолација потврди и концертот на српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ.
Имено тој секоја година својот роденден го прославува со публиката на свои солистички концерти низ балканот, а оваа година за да ја продолжи традицијата решил да одржи концерт пред Градското собрание во Белград за сите кои се во изолација.
Сите обожаватели можеа да го проследат преку директен пренос а веќе е достапен и на Јутјуб каналат на пејачот.
Па ако сакате да чуете како звучеа најголемите хитови на Јоксимовиќ погледнете го видеото долу.