Home ШОУ БИЗз Балкан Живеела во дом за деца без родители: Тажниот живот на Сораја

Живеела во дом за деца без родители: Тажниот живот на Сораја

реклама:4U PHARMA

Веста дека старлетата Сораја Вукелиќ е во поодмината бременост ја изненади јавноста.

Наводно, таа е во последниот месец од бременоста, и моментално живее во Швајцарија каде и планира да се породи. По веста за бременоста, старлетата која не се двоумеше да објавува разголени фотографии, ги исклучила своите профили на социјалните мрежи, и ужива во бременоста со својот партнер, кој според шпекулациите е богат бизнисмн со потекло од Русија.

Предходно, на социјалните мрежи девојката константно објавуваше детали од нејзиниот луксузен живот. Но на малкумина им е познато дека таа имала исклучително тешко детство.

Сораја израснала без татко, во еден момент ниту нејзината мајка немала услови да се грижи за неа, па детството го поминала во згрижувачко семејство и во дом за деца без родители а нејзината мајка редовно ја посетувала.

Еден период со својата мајка живеела и кај вујко си, но набрзо мајка и починала, па грижата за Сораја ја превземале роднините.

Таа од своите 19 години се занимава со манекенство, а најголема популарност и донесе учеството во реални шоуа.

Ја поврзуваа со многу ликови од подземјето во регионот, а забранет и е и влезот во Србија.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------