Home INFO Знаете ли зошто генијалците секогаш носат иста облека? (фото)

Знаете ли зошто генијалците секогаш носат иста облека? (фото)

реклама:G Natural

Донесување на било каква одлука на секојдневно ниво може да биде многу заморно.

Ова многу добро го знаат светски познатите генијалци кои одлучиле да си го олеснат животот така што никогаш нема да си го постават она познато прашање „Што ќе облечам денес?“.

Гризнатото јаболко не е заштитен знак на Стив Џобс, туку фармерките и црната ролка.

hitportal-stiv

Изумителот на електричното возило на две тркала „Segway“, Дин Камен, вели дека отсекогаш носи деловна униформа. За него униформа се тексас кошула и фармерки, а тврди дека постојано е во своето работно одело бидејќи не е на работа само кога спие.

Din-Kamen

Филмскиот режисер Кристофер Нолан уште одамна одлучил дека црното сако, светлата кошула и елекот најдобро му прилегаат.

Kristofer-Nolan

Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Закерберг, познат е по својата сива маичка која многу мажи ја носат како пижама за спиење. Со оглед на тоа што минатата година изјавил дека донесувањето на одлуки го намалил на минимум, очигледно дека прашањето со облекувањето прво го жртвувал.

Mark-Zakerberg

Сивиот костум со елек, белата кошула и раскошната кравата била добитна комбинација за еден од најголемите генијалци на сите времиња – Алберт Ајнштајн.

Albert-Ajnshtajn

Пејачот Хенри Ролинс во една прилика изјавил: „Што повеќе време поминувам прашувајќи се што да облечам, толку помалку време ми останува силно да го зграбам животот! Црната маичка и црните панталони се негов секојдневен избор.

Henri-Rolins

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“