Home INFO Зошто на старите фотографии луѓето не се смеат?

Зошто на старите фотографии луѓето не се смеат?

реклама:hotel PREMIER

Едно од најчестите прашања кога гледате стари фотографии е зошто луѓето на нив никогаш не се смеат?

Дали тоа е заради тоа што немало кој да им каже „чииииз“? Или пак тогашната лоша хигиена на забите била причина за нивната строгост?

Николас Џивс, уметник, писател и предавач на уметничкото училиште во Кембриџ, смета дека за тоа виновни се две причини.

Првата причина е што тогаш луѓето морале да позираат неколку минути, па тешко им било да ја задржат насмевката на ликот. За првата фотографија, во 1826 година биле потребни цели 8 часа за да се овековечи еден момент.

И покрај тоа што подоцна времето било намалено на 15 минути, сепак тоа е премногу долго за да се одржи насмевката на ликот.

Втората причина е високата друштвена природа.

Во тоа време, човекот кој постојано се смеел важел за несериозен и неинтелегентен. Сериозната поза допринесувала за отмен изглед на личноста на фотографијата.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------