Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Ќе падне свадба ипол, Џенифер Лопез и Бен Афлек конечно викендов ќе...

Ќе падне свадба ипол, Џенифер Лопез и Бен Афлек конечно викендов ќе се венчаат

реклама:hotel PREMIER

Двојката Бенифер односно Џенифер Лопез и Бен Афлек пред еден месец во Лас Вегас во кругот на блиски пријатели ја направија својата прва неформална свадба но како што пишуваат светските медиуми за овој викенд се најавува вистинска спектакуларна свадба.

Самата церемонија ќе се одржи во сабота, а парот ќе го затвори викендот со скара и пикник во недела.

Лопез (53) се очекува да облече фустан од модната марка „Ралф Лорен“ направен во Италија, а магазинот „Vogue“ се очекува да го документира нејзиното модно патување во текот на викендот.

Зад планерот на настани од А-листата со ѕвезди е Колин Кауви, чии цени се движат од 25.000 до 25 милиони долари, а тој во минатото продуцираше настани за Опра Винфри, Мајкл Џордан, па дури и за Лопез.

Изворите тврдат дека Мет Дејмон, Џими Кимел, Кејси Афлек и Дреа де Матео се некои од ѕвездите кои се најдоа на списокот на гости на парот. ТМЗ минатиот месец објави дека настанот ќе се одржи на имотот на Афлек во Рисборо, Џорџија.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------