На почетокот од месецот, контроверзниот српски рапер Раста беше уапсен, откако полицијата кај него пронашла наркотици.
По претресот во неговиот стан, пронајдена е поголема количина на наркотици.
По сослушувањето во Високото обвинителство, судот му одреди притвор до 30 дена и тој е префрлен во Централниот затвор.
Како и кај сите притвореници кои се донесени во затворот, на приемот во одделението, на Раста му бил направе детален претрес.
На големо изненадување на стражарите, во неговиот паричник е пронајдена кесичка со кокаин, открива за српските медиуми извор близок до пејачот.