Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive 😢Еве што кажа Калиопи за медиумите по трагичниот настан на нејзиниот концерт

😢Еве што кажа Калиопи за медиумите по трагичниот настан на нејзиниот концерт

реклама:Лето во Банско

На закажаниот концерт во салата на “MTS” во Белград, Калиопи доживеа трагичен настан кога една жена изгуби свест и почина. Немилиот настан предизвика евакуација на салата и обиди за реанимација на жената, но, за жал безуспешни.

Калиопи тешко го прифати трагичниот настан и беше повикана во полициска станица да даде изјава. Во интервју за Телевизија Пинк, пејачката изрази свое сочувство и ја опиша својата реакција на случувањето.

“Зборувам во името на сите нас кои го доживеавме овој трагичен момент. Ова е најтажниот момент во мојата кариера. Голем шок за сите нас. Концертот уште не беше започнат, чекавме сите да влезат и да го славиме животот, но животот на една жена беше угаснат. Веднаш се сфатив дека имаме тежок случај”, изјави Калиопи.

“Публиката беше неверојатна, сите се молеа за чудо, но, за жал, тоа не се случи. Еден живот е најважен. Концертот беше одложен, и новиот датум ќе биде објавен наскоро. Сакам да испратам сочувство до семејството на жената. Госпоѓата била постара од мене и не е од Македонија, а ќерката и другарките беа со неа. Ние како артисти треба да покажеме почит кон семејствата на нашите обожаватели. Се надевам дека оваа трагедија никогаш повеќе нема да се повтори”, дополни Калиопи во своето интервју.

Жената која починала била на концерт со нејзината ќерка и пријателките, и одеднаш изгубила свест и колабирала, поради што била повикана итна помош.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------