Home INFO 🥹Емоции безброј, на свадба во Хрватска другарите го кренаа младоженецот во инвалидска...

🥹Емоции безброј, на свадба во Хрватска другарите го кренаа младоженецот во инвалидска количка за да ја бакне невестата (видео)

реклама:Лето во Банско

Хрватската јавност се разнежи од љубовната приказна на Јосo, момче во инвалидска количка, кое на денот на својата свадба стана со помош на другарите за да може да ја прегрне и бакне својата сопруга на најубавиот ден од нивниот живот.

Свадбите знаат да расплачат многумина, но свадбата која се одржа неодамна во Задар, стана хит на социјалните мрежи, а младоженецот и неговите другари се вистинска инспирација за сите.

Младенците, Јосо и Луче од Задар, првиот свадбен танц го имаа на песната на Томислав Ивчиќ „Ти си најлепша“, но бидејќи младоженецот е во инвалидска количка, Луче играше околу него, а седна и во неговиот скут и тој ја вртеше на подиумот со количката.

Но, во еден момент, на помош му дојдоа другарите и го кренаа за да може да ја прегрне својата невеста.

„Сите имаме илјада желби, а Јосе имаше само една – да танцува со својата Луче. И кога мислите дека сè е невозможно, дури и тоа невозможно станува многу возможно!

Желбата го победи стравот, соништата станаа реалност, а она што следеше не остави никого рамнодушен. Наплив од емоции, љубов, среќа, благодарност“, пишува во објавата на Инстаграм.

„Колку трогателно, не се опишува“, „Плачам, секоја чест“, „Овие момци се вистински пријатели, вистински мажи“, „Ова е доказ дека вистинската љубов нема граници“, стои во коментарите.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------