Home INFO 104- годишна бабичка скокна со падобран за светски рекорд: Годините се само...

104- годишна бабичка скокна со падобран за светски рекорд: Годините се само бројка (ВИДЕО)

реклама:Лето во Банско

Дороти Хофнер (104) од Чикаго стана најстарата личност на светот која скокнала со падобран.

Таа во неделата со помош на експерти скокнала од авион во Отава и треба да влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Досега светскиот рекорд го држеше Швеѓанецот Рут Ларсон, кој на 103 години скокна со тандем падобран во близина на Мотала, на околу 200 километри југозападно од Стокхолм.

„Годините се само бројка“, рекла Дороти, според Гардијан. Хофнер го направила својот прв скок со падобран кога имала 100 години, кога инструкторот морал да ја турне од авион. Сега сакала сама да скокне и успеала. Целата активност траела седум минути.

“Прекрасно е да се биде на земја, но исто така беше прекрасно да се биде таму горе. Сѐ беше многу убаво, не можеше да помине подобро”, додала Дороти. Нејзиниот следен потег, се надева таа, е возење со балон на топол воздух.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------