Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive 51- Годишната учителката по дишење е новат девојка на Шон Мендес

51- Годишната учителката по дишење е новат девојка на Шон Мендес

реклама:4U PHARMA

Се погласни се шпекулациите дека пејачот Шон Мендес има нова девојка и тоа бајаги постара од него.

Пејачот Шон Мендес (24) сѐ почесто се дружи со 51-годишната лекарка Џоселин Миранда. Имено, тие биле видени на заеднички шопинг во ноември минатата година, но и на ручек неколку месеци претходно, односно во јули, пишува „Холивуд лајф“.

Неодамна, пејачот и лекарката биле видени пред неговиот дом во Западен Холивуд на 15 јануари годинава. Подоцна истиот ден Миранда била видена како влегува во домот на пејачот. Но, оваа пријателска или потенцијално романтична врска не е нова – тие се познаваат неколку години.

Имено, Миранда била негова лекарка за време на една од неговите претходни музички турнеи, а работела со него и за време на повеќе големи настани како музичките награди на „Ем-ти-ви“ и хумористичната емисија „Saturday Night Live“.

Таа има споделено повеќе фотографии со Мендес од периодот кога го придружувала на музичката турнеја, вклучувајќи ја и објавата во која му го честита роденденот.

Патем, Миранда се занимава со „напредна терапија и техники на дишење за пејачи“ и како резултат на тоа има работено со многу ѕвезди – Џастин Бибер, Џастин Тимберлејк и „The Chainsmokers“ итн. Според биографијата на нејзината веб-страница, таа има повеќе од 20 години медицинско искуство.

Како потсетување, Шон Мендес почна да се состанува со пејачката Камила Кабељо во 2019 година, непосредно по објавувањето на нивниот огромен хит „Señorita“. Иако важеа за еден од омилените млади парови, тие ја раскинаа љубовната врска во ноември 2021 година. Сепак, тие потенцираа дека имаат голема љубов и почит еден за друг, иако не се повеќе заедно.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------