Home INFO За што е поволен секој ден од неделата?

За што е поволен секој ден од неделата?

реклама:

Постојат разни учења кои објаснуваат кога е поволно нешто да правите, а кога не.

Постои и симболилна интерпретација која се врзува за можностите кои постојат за секој ден поединечно.

ПОНЕДЕЛНИК
Не треба да започнувате ништо важно, затоа што тоа е ден за кој се верува дека Месечината е премногу променлива.

ВТОРНИК
Ова е ден за сите рутински работи кои однапред се одредени или договорени и кои не бараат посебна ментална активност. Освен во денот кога владее Марс.

СРЕДА
Најдобар ден за коресподенција, маркетиншка работа, состаноци, преговори и кратки патувања. Тоа е ден со кој владее Меркур и се смета дека е добар за дружење и забава. Потпишување на документите одложете го за четврток.

ЧЕТВРТОК
Со овој ден владее Јупитер. На овој ден договорете ги важните работи, склучете договор, занимавајте се со финансиска трансакција или со секој вид на учење. Ова е и најдобар ден за остварување на контакти со странство и долгорочно планирање.

ПЕТОК
Денот на Венера и вистински момент да му се посветите на парнерот, децата, семејството. Одличен е за сите подготовки за викенд, одмор, масажа, забава, релаксација, шопинг.

САБОТА
Сатурн владее со шестиот ден во неделата и тоа е ден која треба вашиот дух и сила да им ја дадете на другите. Помогнете им на болните, загрозените, посетете ги вашите баба и дедо, нахранете ги гладните. Пожелно е на овој ден да постат сите луѓе кои имаат тешки аспекти од Сатурн во својот натален хороскоп. Исто така, добро е дел од денот да го поминете во тишина, чистење, духовна работа.

НЕДЕЛА
Ова е ден на Сонцето. Идеален е за активен одмор, семејство и планови за нова недела.

Деновите имаат утврдено значење и низ астролошкото учење:

ПОНЕДЕЛНИК
Во понеделник владее планетата на Месечината. Идеален е за домашни активности, садење билки, за комуникација со мајката, за обраќање на широките народни маси. Ова е поволен ден за решавање на проблемите кои се однесуваат на умствено ниво. Има добро влијаните на психологијата… Бојата која владее на овој ден е бела или сребрена.

ВТОРНИК
Носи призвук на акција, борбеност и темперамент. Во вторник владее планетата Марс во астрологијата. Кога за некои гестови ни е потребна храброст и самоувереност, тогаш е добро да тргнете во акција токму во вторник. Бојата која владее во овој ден е црвена. Ако сме опкружени со црвената боја, тоа ќе ја поттикне огнената, продорна и иницијална марсовска енергија.

СРЕДА
Поволен ден за студентите и полагање на испити. Овој ден ја носи енергијата на Меркур и е поврзан со зелената боја. Поволен е за комуникација од секој вид, читање и пишување, коресподенција и патување. Бојата која владее со овој ден е зелена.

ЧЕТВРТОК
Поволен ден за скоро секоја активност. Тоа е ден во кој владее Јупитер. Порано луѓето се венчавале во четврток за да добијат благослови од Јупитер кој осигурува долготрајна и стабилна среќа. Четврток е поволен ден за високо образование, експанзија во секој поглед. Бојата која владее со Јупитер и жолта лимон или бледо жолта.

ПЕТОК
Ден за уживање и љубов. Со петок владее Венера. Бојата која е поврзана со овој ден е розева.

САБОТА
После сите денови, доаѓа „мрачна и темна енергија“ на саботата. Со овој ден владее Сатурн кои многу го нарекуваат „учител-мачител“, пред се ставајќи ни до знаење дека Сатурн не донесува тешкотии без причини. Денот е поволен за дисциплинирање, да се сработи тоа што дојго време се одложува. Парадоксот е дека обично луѓето излегуваат во саботат да се забавуваат, но овој ден е одреден за покајание отколку за уживање. Бојата поврзана за овој ден е црна.

НЕДЕЛА
Ова е поволен ден за преиспитување на сопственото его. Поврзан е со сите активности кои се поврзани со шефовите, надредените, татковците и генерално луѓето со авторитет. Поволен ден за работа со соларна енергија. Бојата која е поврзана со овој ден е жолта или златна.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------