Во холандскиот град Ротердам во мај сепак ќе се одржи Евровизискиот избор, кој годинава заради пандемијата ќе можат во живо да ја следат 3500 луѓе со негативен тест.
Како што велат информациите од холандската влада а ги дознава холандскиот весник „De Telegraf“ пробите исто така ќе бидат ограничени и со негативен тест.
Годинава ќе се натпреваруваат 39 земји учеснички меѓу кои и Македонија со Васил Гарванлиев кој крена голема бура од реакции и најразлични коментари за спотот, песната и компетентноста на изборот од страна на МТВ.