реклама:
Синоќа, на Василица, за време на настап во еден клуб, пејачот Александар Белов доби прекрасна вест – по прв пат стана татко.
Веста веднаш ја сподели на социјалните мрежи.
Неговата сопруга Јелена на свет донесе здраво женско дете, а девојчето го доби името Мина.
Пред неколку дена и пејачот Диматар Андоновски и неговата сопруга Христина станаа родители по вторпат.
Честитки од тимот на ХитПортал!