Home INFO Ова е Мартин на денот кога исчезна на Халкидики: Неговиот брат упати...

Ова е Мартин на денот кога исчезна на Халкидики: Неговиот брат упати уште еден апел

реклама:

Горан Јовановски, братот на исчезнатиот Мартин, објави фотографија на Фејсбук и замоли сите да помогнат во потрагата по неговиот брат.

Фотографијата е направена истиот ден кога Мартин, заедно со двајцата пријатели исчезнаа по посетата на плажата Посиди на Халкидики.

– “Ова е сликата направена на денот на исчезнувањето на мојот брат. Потрагата сеуште е во тек меѓутоа со многу намален капацитет. Потребна ни е поголема покриеност од воздух, копно и вода. Доколку некој има било каква информација и е во можност на било кој начин да помогне во потрагата на мојот брат, слободно исконтактирајте ме. Ве молам споделете ја фотографијата за волонтерите што помагаат да имаат појасна слика” – напиша Горан на Фејсбук.

За потсетување, Мартин по доаѓањето на плажата влегол во море со својот другар Васил, додека Иван откако видел дека се во опасност скокнал во водата да ги спаси. Јака морска струја ги одвлекла од копното. Васил е спасен неколку часа по немилиот инцидент, додека Иван е извлечен од морето по дури 20 часа поминати во морето.

Веќе петти ден трае потрагата по Мартин.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------