Home INFO Австралија опен ги урна сите рекорди по посетеност

Австралија опен ги урна сите рекорди по посетеност

реклама:SANSIRO

Првиот тениски гранд-слем сезонава, Австралија опен, кој заврши со победи на Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаљенка, забележа рекордна посетеност со повеќе од 900.000 гледачи, објавија организаторите.

И покрај отсуството на неколку познати играчи и честите прекини на натпреварите поради дожд, на натпреварите на „Мелбурн парк“ присуствуваа дури 902.312 гледачи.

Главниот турнир, кој траеше од 16. до 29. јануари, го следеа рекордни 839.192 навивачи, надминувајќи ја бројката од 2020 година (812.174). Вклучувајќи ги квалификациите, вкупниот број на посетители се зголеми на 902.312.

Овие бројки ја надминуваат минатогодишната посетеност на другите гранд-слем турнири – Вимблдон го посетиле 515.164 гледачи, на Ролан Гарос 613.500 и на УС Опен 776.120.

Овогодинешното издание на Австралија опен постави и рекорд по посетеност во еден ден со 94.854 гледачи на 21. јануари. Претходниот рекорд беше 93.709 поставен на истата локација во 2020 година.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------