Home INFO Бил Гејтс предвидува: Еве кога светот ќе се врати во нормала

Бил Гејтс предвидува: Еве кога светот ќе се врати во нормала

реклама:G Natural
Бил Гејтс изминатиов период беше поврзуван со завери поврзани со корона вирусот. Милијардерот, во интервју зборува за глобалното затоплување но дава осврт кон пандемијата и прогнозите кога светот би се нормализирал. Според Бил светот целосно би се имунизирал со вакцини кон крајот на 2022 година, но од оваа есен сите би се чувствувале понормално. „Јас би бил шокиран ако има уште значителен број училишта кои сè уште ќе спроведуваат учење на далечина. Сè уште треба да го добиеме нивото на прифаќање на вакцините во заедници со ниски примања. Треба да покажеме дека нашите најпаметни луѓе се вакцинираат и дека вакцината е ефективна. Но, дури и „ако добиеме повисоко ниво на вакцинација, нема да се вратиме целосно на стариот пат. Во остатокот од светот, можеби на крајот на 2022 година ќе се постигне ваквата вакцинација”, рече Гејтс како што објави порталот СЕЕбиз. Тој зборуваше и за климатските промени, наведувајќи дека најмногу го загрижува политичката волја за решавање на проблемот. Тој објаснува дека големите индустрии треба да бидат принудени драматично да ја менуваат сопствената инфраструктура. Тој смета дека емисиите на гас во сегментот на автомобили и возила ќе се сведат на нула во следните 15 години, а причината е што електричните автомобили ќе станат подостапни. Исто така, бидејќи цената на електричните автомобили ќе падне, станиците за полнење на такви автомобили ќе станат подостапни, па самото време на полнење ќе се скрати на приближно 15 минути. Коментирајќи го проблемот со прекумерна потрошувачка на електрична енергија, што е последица на рударството со криптовалути, Гејтс рече дека неговата критика кон биткоинот не е насочена кон неговата голема потрошувачка на електрична енергија. „Верувам во дигитални валути за пониски трансакциски трошоци, а биткоинот не го стори тоа затоа што не можете да го заработите. Овие момци со биткоин не направија ништо, можеби со откуп за киднапирања”, рече тој.
РЕКЛАМИ: Hotel Premier Bansko ----------------------------------------------------