И од клиниките „Макја Тереза“ и од полициската станица „Центар“ потврдија дека вчера лицето Д.К од Струга бил хоспитализиран и изјавил дека поранешната сопруга се обидела да го отруе.
Имено пејачот Даниел Кајмаковски бил во Тетово на договорена средба за да го види своето дете и откако нарачал кафе според неговата изјава таа му ставила отровна супстанца во него.
Откако му се слошило бил хоспитализиран и по третманот за среќа се завршило добро.
Известен бил Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------