Home INFO Бившиот на Џенифер Лопез ќе стане татко по седми ми пат!

Бившиот на Џенифер Лопез ќе стане татко по седми ми пат!

реклама:Лето во Банско

Најпродаваниот салса музичар Марк Ентони неодамна по четврти пат стапна на лудиот камен. Негов последен избор е 23 годишната манекенката и мис Универзум на Парагвај, Надја Ферера.

На денот на вљубените, 54-годишниот музичар откри дека тој и надја очекуваат дете.

„Најдобриот подарок за Валентајн! Ти благодариме Боже за овој голем благослов во нашите животи“, стои во описот.

Најпознат брак на Марк Ентони е со Џенифер Лопез, со која ги имаат близнаците Макс и Ема. Поранешните сопружници се во одлични односи.

Тој зад себе има уште 3 неуспешни бракови и уште 3 синови и една ќерка.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------