Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Брена им врати на хејтерите за провокативниот фустан со апликација на голи...

Брена им врати на хејтерите за провокативниот фустан со апликација на голи гради

реклама:G Natural

Лепа Брена нашата најголема балканска ѕвезда неодамна во едно тв гостување настапи со несекојдевен аутфит т.е фустан на кој имаше принт од голи гради на жена кој предизвика лавина реакции на социјалните мреќи.

Некои позитивни за храброста други со напад дека е крајно вулгарен.

Сепак за провокацијата што ја инспирирало да се реши на таков фустан но и пораката која што Брена сакала да ја пренесе таа по само неколку дена проговори во јавноста:

-На нашите лажни моралисти, кои ги има премногу, се што е нормално не привлекува внимание, а оваа мала провокација во форма на фустан им пречи… Каков лажен морал – изјави Брена за Слободна Даламација.

-Додека во денешно време партнерите си ги убиваат жените, ги силуваат девојките и не ги прифаќаат правата на геј популацијата, а да не зборуваме за војната во 21 век и ширењето на верска и национална омраза…, насликани златни гради на фустан се проблем?! Па, тие се мојот мал придонес за сите лажни моралисти во овие сурови времиња во кои живееме – вели пејачката.

На прашањето што сака да каже со тоа, Брена рече: – Без жени немаше да има човечност! Затоа, фустанот е посветен на симболот на мајките и жените ширум светот. Венера! Таа е древен симбол на женската енергија, љубов и убавина. Затоа, овој фустан е симбол на Венера, самосвесна жена. Истиот стил на облекување прв го создаде Жан Пол Готје за Бијонсе. За мене го направи Борис Карготиќ, сопственик на брендот DeMode, родум од Сплит. Многу модерен, авангарден и креативен, во кариерата соработуваше со Мадона и веќе споменатата Бијонсе, изјави Лепа Брена.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------