Home INFO Брзо и едноставно: Исчистете ја лошата енергија дома

Брзо и едноставно: Исчистете ја лошата енергија дома

реклама:G Natural

Дали предметите кои ги чувате се само декор или поседуваат некоја енергија? Фенг шуи, кинеската вештина на уредување на просторот и живеење во склад со него, вели дека не е се само во позиционирањето, затоа што секој од тие предмети носи своја енергија.
Затоа донесуваме попис на работи од кои би требало веднаш да се ослободите, затоа што нивната енергија во домот не е ниту најмалку позитивна.
Суво цвеќе
Создава лош фенг шуи затоа што претставува неподвижна енергија. Живите билки држете ги во близина на влезот во станот или куќата, затоа што тие таму просторот ќе го исполнат со енергија и ќе ви го подигнат расположението,
Нефункционални апарати
Електронските справи претставуваат снага и моќ. Расипаните, скршените, нефункционалните апарати или електрониката со време ќе се манифестира во вашиот живот во облик на здравствени проблеми, пропаднати врски или гадни ситуации на работа. Или поправете ги или – фрлете ги. Многу подобро е просторот да се остави празен, отколку да го исполните со расипан тв, тостер или музичка линија.
Свенати билки
Билките во фенг шуи симболизираат раст, ама само ако растат. Ако собните билки умираат, ќе ви создадат проблеми. Можеби ќе ви биде тешко да станувате изутрина, а на работа можеби ќе чувствувате умор. Ако билките страдаат затоа што вие сте негрижливи, фрлете ги или набавте нови, здрави.
Лекови на кои им е изминат рокот на траење
Освен што, нормално, не се препорачува употреба на лекови и козметика по истекот на рокот на траење, и нивното чување дома е лошо. Тие според фенг шуи содржат токсична енергија која може многу да ви го отежне опуштањето, и телесното и психичкото. Зато прегледајте ги фиоките и кутиите и ослободете се веднаш од нив.
Стара храна во фрижидерот
Фенг шуи ја гледа храната како симбол на способност да примате или давате љубов. Затоа фрижидерот полн стара, расипана храна сериозно може да ја загрози вашата врска. Прегледувајте го еднаш неделно, но не заборавајте ниту на другите места каде може да има таква храна. Фрлете се што не е за јадење. Кога еднаш на тоа ќе се навикне, ќе бидете многу повнимателни кон храната, остатоците и фрлањето храна.
Фотографии на бивши љубови
Дури и ако сте во супер односи со бившиот/бившата, не е здраво да се излагаат нивни фотографии на видливи места. Фотографиите сами по себе садржат снажна енергија и имаат големо влијание на вашата потсвест. Ако сакате да направите место во животот за трајна и здрава љубовна врска, спакувајте ги во албуми или кутии. Тоа ќе биде симбол на вашата желба за нова врска која тогаш многу полесно ќе ја остварите.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“