Home INFO Чаша јогурт со ким наутро ги топи килограмите и го регулира холестеролот

Чаша јогурт со ким наутро ги топи килограмите и го регулира холестеролот

реклама:G Natural

Луѓето што јадат лажица мелен ким губат дури трипати побрзо на тежина во споредба со луѓето што се на диета, но не го консумираат овој зачин, покажало истражувањето.
Во експериментот учествувале 100 жени, кои секое утро пред појадок пиеле чаша јогурт со малку маснотии со лажица мелен ким. Резултатите покажале дека тие внесувале секој ден околу 400 калории помалку во однос на групата што не пиела јогурт и ким.
По еден месец забележале дека експерименталната група значително ослабела, во просек по 7 килограми, а уделот на маснотии им бил намален за 14 отсто.

Покрај тоа, овој зачин помогнал и да се намали лошиот холестерол.
Научниците го објаснуваат овој ефект со тоа што кимот содржи изобилство од фитосфероли, кои имаат способност да го апсорбираат холестеролот, а содржат и материи што го забрзуваат метаболизмот.
Кимот помага и во лекувањето на болести на црниот дроб и жолчката (цироза, слаб црн дроб, ги балансира маснотиите), проблеми со бубрезите и со мочниот меур (камен, песок, тешкотии со уринирањето), бактериски инфекции, респираторни проблеми (склоност кон инфекции, настинка, грип, хроничен бронхитис, астма, пневмонија, кашлица). Исто така, помага во случај на болести на срцето, а особено кај аритмии.

РЕКЛАМИ:Hotel Premier Bansko „ЛОТУЛС - МАКИТА ПРЕЗЕНТАЦИЈА“