Започна снимањето на новата сезона од најполуларното музичко шоу во регионот – Ѕвездите на Гранд.
Продукцијата неодамна соопшти дека е изменет составот на жири комисијата во шоуто. На местото на Јелена Карлеуша доаѓа нејзината ривалка Цеца Ражњатовиќ.
Оваа вест крена голема прашина во јавноста, па сите сакаа да дознаат која е вистинската позадина од оваа приказна.
За српските медиуми, Цеца откри дека очекува да ужива во новиот проект, напоменувајки дека има искуство со ваков тип на емисии, таа беше дел од жирито во едно музичкото шоу Ѕвездите на Пинк.
– Саша ме повика, и се договоривме за многу кратко време. Ова е убава и креативна работа, тесно поврзана со мојата професија. Мислам дека ќе уживам – изјави Цеца, додавајќи дека единственото нешто што не сака да го прави на снимањата е да пее.
Се чини дека ова е единствениот услов на Цеца за учество во грандиозниот музички проект.
А дали ќе успее да ја надмине Карлеуша која уживаше огромна популарност кај публиката, останува да видиме.