Home INFO Цеца Ражнатовиќ во фудбалска треска, еве ги нејзините предвидувања и анализи

Цеца Ражнатовиќ во фудбалска треска, еве ги нејзините предвидувања и анализи

реклама:G Natural

Како глем љубител на фудбалот популарната српска пејачка Светлана Ражнатовиќ-Цеца со голем интерес ги следеше настапите на српската фудбалска репрезентација, особено поради учеството на нејзиниот зет, Немања Гудељ.

Цеца и нејзината ќерка Анастасија беа во Германија, од каде што ја бодреа Србија и Гудељ, но тимот не успеа да се квалификува за осминафиналето. Цеца изрази мислење за тоа што им недостасувало на Србите за да влезат во нокаут фазата.

„Свесни сме дека, за моја голема жал, Митровиќ и Влаховиќ не можат да играат заедно во исто време, иако се одлични играчи. Мислам дека имаме проблем со средниот ред. Одбраната се бореше на сите натпревари. Мој совет е да се фокусираме на средниот ред,“ анализираше Цеца, која некогаш беше претседателка на клубот Обилиќ, кој беше и првак на нашиот северен сосед.

Цеца призна дека сите во Србија сакаат да бидат тренери, па и таа, и даде уште некој совет.

„Зависи кој ви е противникот. Против некого мора да играте на контри, против некого офанзивно. Ако треба да напаѓаш, на терен ставаш офанзивци, кога е некој ривал поопасен, мора малку и да се затвориш, па да чекаш контри. Но, јас не сум тренер, пејачка сум, и многу успешно ја работам таа моја работа, но ние во Србија сите сакаме да бидеме тренери,“ изјави пејачката.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------