Реката Палкеља Пукамајо, во светот е позната под името Црвена река.
Се наоѓа во областа Куско во Перу и може да се види само во сезоната на дождови кога порој на вода го мие речното корито.
Областа околу реката е полна со железен оксид, па водата се појавува во црвена или розова боја, во зависност од делот на потокот и количината на железо во водата.
Текот на оваа река која е сезонска е долг околу пет километри,па се слева со останатите реки и ја губи својата необична и карактеристична боја.
Црвената река може да се види во периодот кога поради временските неприлики могу останати знаменитости кои ко карактеризираат Перу не се достапни за туристите.