Home INFO Дали Гугл ќе ги убие лозинките?

Дали Гугл ќе ги убие лозинките?

реклама:Лето во Банско

Компанијата Google и офоцијално објави дека официјално воведува Passkey, како за лозинки кој се очекува да го направи процесот на внес на нашите сметки побрз и што е најважно побезбеден.

Од компанијата велат дека години наназад работат на изнаоѓање метод за побезбеден влез во сметките заради големата злоупотреба и фишинг, а Passkey се појави како одлично решение.

Passkey е всушност заеднички развиен од Google во соработка со FIDO Alliance и компаниите Apple и Microsoft и е дизајниран да работи на сите уреди кои се придржуваат до стандардот.

Passkey е истовремено полесен и побезбеден начин за пристап до сметката бидејќи ни овозможува да ги користиме истите методи како оние што се користат за отклучување на уредот – скенирање на отпечатоци од прст, препознавање лице или еден од другите достапни методи. Така, нема повеќе потреба од рачно внесување на лозинката и нашите сметки ќе бидат позаштитени отколку користењето на методот 2FA.

Ако сакате да користите Passkey, се што треба да направите е да ги посетите поставките на вашата сметка и потоа да ја изберете опцијата “Create a passkey”. Ако Google, како нас, автоматски ги користел вашите биометриски податоци, се што треба да направите е да кликнете на „Use passkeys“.

Иако Google објаснува дека passkey е создадена за да ги замени лозинките, тој е свесен дека транзицијата нема да се случи брзо, а традиционалните методи сè уште ќе бидат достапни за пристап до сметката.

Google е само една од компаниите што усвои поддршка за passkey, а најголема секако беше Apple, која го направи тоа по лансирањето на оперативниот систем iOS 16, односно iPadOS 16.1 и macOS Ventura.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------