Како бомба одекна веста дека Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ се разведуваат.
Пејачката оваа вест ја објави на својот Инстаграм профил, но денес ги збуни медиумите објавувајки емотивни фотографии од свадбата со Душко.
“За тоа какво е српското новинарство, говори фактот што никој од новинарите не провери дали воопшто во судот е поднесено барање за развод… А јас мислев дека Блиц, Курир и останатите таблоиди добро соработуваат со правосудството!” – напиша пејачката на Инстаграм.
Потоа честиташе роденден на Хело магазинот, кои први ги објавија ексклузивните фотографии од венчавката со Тошиќ, и тоа преку фотографии од венчавката.
Ова ги подгреа гласините дека Јелена можеби добро си поиграла со новинарите, а за развод со Душко воопшто не станува збор!