Фолк пејачката Цеца во последното издание од Ѕвездите на Гранд го прозва Драган Стојковиќ – Босанац, прашувајки го како не успеал од сопствената ќерка да направи музичка ѕведа.
Ова поттикна лавина од коментари на социјалните мрежи.
Цеца ја спомна Џиџа, ќерката на Босанац, а малкумина се сеќаваат дека пред извесен период најавуваше дека токму таа ќе биде нејзина снајка.
Имено, пред шест години, Џиџа била во љубовна врска со Милан Маринковиќ, кој е братучед на Цаца. Тогаш фолк дивата јавно изјавувала дека би сакала Џиџа да е нејзина снаа, дури и го фалела семејството Стојковиќ нагласувајки дека се угледни.
Очигледно е дека симпатиите кон Џиџа од тој период со текот на времето исчезнале, а Босанац И Ражњатовиќ се сега жестоки непријатели.