Home INFO Денеска е „син понеделник“, најдепресивниот ден во годината

Денеска е „син понеделник“, најдепресивниот ден во годината

реклама:4U PHARMA

Денес е “син понеделник” – третиот понеделник во годината и е светски познат како најдепресивен и најтажен ден.

За жал, многу луѓе низ годините потврдиле дека навистина се чувствувале така.

Датумот го одредил психологот Клиф Арнал, и тоа според одредена формула.

Формулата со која е дојдено до тој заклучок во 2005 година ја претстави токму психологот, и гласи: [W + (D – d)] x TQ / M x NA.

Притоa, W = временските прилики, D = долгот, d = платата, T = времето кое минало од Божиќ, Q = времето минато од пропаднатите обиди да направиме нешто за себе, M = нивото на мотивација и NA = потребата да тргнеме во акција.

Без разлика на кој датум е третиот понеделник, тој го задржува овој таканаречен статус, бидејќи всушност е почеток на третата недела и со тоа завршува празничниот период во кој речиси целиот свет ги слави Нова Година и Божик, но и други празници поврзани со годината која започнува.

Третиот понеделник во годината е она враќање во реалноста, кое не потсетува дека имаме и други обврски поврзани со егзистенцијата.

Обидете се да си го направите овој ден поубав, но можете да го оставите и да помине!

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------