Home INFO Денеска Фејсбук слави 15 години со 2,3 милијарди корисници

Денеска Фејсбук слави 15 години со 2,3 милијарди корисници

реклама:Велигден со Стаф

Сонот на Марк Закерберг да го поврзе светот, се случи на денешен ден пред 15 години, но направи и големи грешки заради кои некои од неговите поборници се претворија во големи критичари.

Оваа социјалната мрежа е основана на 4 февруари 2004 година во студентската соба на Закерберг на Харвард и до денеска оствари незамислив успех привлекувајќи 2,3 милијарди корисници кои ја користат оваа платформа за размена на информации и поврзување на луѓето ширум светот.

Но, оваа мрежа е изложена секојдневно на критиките, со нагласок дека повеќе е фокусирана на раст отколку на заштита на корисниците.

“После низа на предизвици во 2018 година Фејсбук повеќе не го фалат поради иновативност. Сега го критикуваат”, вели аналитичарката на пазарот Дебра Ахо Вилсон. “Фејсбук на 15 години се соочува и со зрелост. Повеќе не е компанија која е самиот почеток”, додаде таа.

Само Гугл има повеќе приходи од Фејсбук од огласувањата на Интернет.

Денеска Фејсбук е сопственик на апликациите Инстаграм, Месинџер и WhatsApp од кои секоја има повеќе од милијарди корисници.

Закерберг (34) и понатаму го брани својот бизнис модел и тврди дека Фејсбук не продаваше податоци за своите корисници и дека може да му се верува. Компанијата признава дека мора да направи повеќе за да ја врати довербата на корисниците, па вложи милијарди долари во безбедност и има 30.000 луѓе кои работат само на тоа.

Фејсбук и покрај многубројните скандали кои му се случија минатата година сепак има рекордна добивка од 22 милијарди евра. Во меѓувреме Закерберг успеа во намерата да го поврзе целиот свет, а според постоечките податоци 46,7 % корисници на Интернет односно нешто повеќе од 23 % од светската популација користат Фејсбук.

Фејсбук треба да стане и лидер во сузбивање на манипулацијата со лажните вести, заштитата на податоци и да внимава на промените на комуникациските преференции на корисниците, вели Берноф.

РЕКЛАМИ: Твојата дигитална картичка! ----------------------------------------------------