Home ШОУ БИЗз Extra Exclusive Доскриминирана и навредена! Наоми Кембл никогаш повеќе во Бугарија

Доскриминирана и навредена! Наоми Кембл никогаш повеќе во Бугарија

реклама:hotel PREMIER

По последните пишувања на „Dailymail“ супермоделот Наоми Кембел доживеала скандалозно однесување од страна на лице за контрола на аеродромот и чувствува дека била расно профилирана. Сево ова се случило минатиот месец кога била запрена од персоналот во терминалот за пристигнување кога пристигнала на своето патување и модно снимање во главниот град на Бугарија.

Сведоци велат дека 52-годишната манекенка била видно вознемирена од она што и се случило на 19 мај откако пристигнала на тридневното работно патување.

Нејасно е дали персоналот кој побарал да ги пребара нејзините работи е вработен во аеродромот или приватен вршител на услугите.

Кембел подоцна била видена како го напушта аеродромот облечена во бејзбол капа држејќи торбата пред да биде однесена во луксузен хотел во градот.

Нејзината портпаролка вели дека ја завршила својата работна задача.

Пријател на моделот вели: „Наоми беше многу вознемирена. Целата случка имаше прилично грозно влијание врз неа. Таа беше на пат за возбудливо снимање и со нетрпение го очекуваше, но ова малку го уништи нејзиното време поминато во Софија.“

Расното профилирање историски се однесува на сомневање, таргетирање или дискриминација на личност врз основа на нивната етничка припадност, религија или национално потекло.

Во последниве години, се користи таму каде што има стереотипни претпоставки поради бојата на кожата на една личност.

Персоналот на аеродромот во Софија не одговорил на барањата за коментар, пренесе „Dailymail“.

РЕКЛАМИ: ----------------------------------------------------